| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Ако РМ ја загуби препораката, опозицијата треба да знае дека народот памти што зборувале и што правеле

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека доколку Република Македонија ја загуби препораката од Европската унија, народот нема да заборави дека тоа би било поради СДСМ, нивните медиуми и лицемерството што го прикажуваат.

Статусот на Димовски следува по вчерашните 12-часовни преговори во Брисел меѓу еврокомесарот Јоханес Хан и политичките лидери од Македонија за надминување на кризата, кои завршува неуспешно.

„Кога некој од СДСМ, или некој нивен „експерт“, или некоја нивна платеничка невладина организација, или некој нивен медиум и новинар, ќе зборува за ЕУ и НАТО треба да им се каже: МРШ ТАМУ ЛИЦЕМЕРИ… Ако РМ ја изгуби препораката за ЕУ, многу од нив ќе треба да знаат дека народот памти што зборувале и што правеле“, напиша Димовски на „Фејсбук“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top