| четврток, 6 декември 2018 |

Опасноста од банкрот на Грција расте со секој изминат ден

банкрот

Опасноста од банкрот на Грција се зголемува со секој изминат ден, изјави денеска претседателот на германската централна банка Бундесбанк Јенс Вајдман.

– Има силна волја да се помогне на Грција. Даночните обврзници од другите земји од еврозоната веќе дале значајни средства за поддршка на неизбежниот процес на корекции. Но, времето минува и опасноста од банкрот расте со секој изминат ден – истакна Вајдман во обраќање во Лондон, соопшти неговиот кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top