Инфoденот за програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“ (категорија: Проекти за соработка) ќе се одржи денеска, 11-ти јуни во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, во организација на Министерството за култура.
Гостин на настанот е Весела Кондакова, раководител на Канцеларијата за Креативна Европа на Република Бугарија.
Во рамките на Инфоденот, преку презентација на тековните прoекти „Реките на Европа (RIVE)“ и „EMEE – Евровизија (Музеите ја претставуваат Европа)“ како примери на добра практика од Република Бугарија, ќе биде претставено бугарското искуство со програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“.
На Инфоденот ќе бидат презентирани и процедурата за аплицирање и електронската апликација пред претстојниот повик за аплицирање за категоријата „Проекти за соработка“, кој треба да биде објавен до крајот на јуни 2015 година од страна на Европската комисија.
Истовремено, во рамките на Инфоденот ќе се одржи и работилница за подготовка на проектни идеи во согласност со критериумите на програмата „Креативна Европа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.