| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши големата полициска акција во Ваксинце – уапсен и еден убиец

Заврши големата полициска акција која изутринава беше спроведена во кумановското село Ваксинце, каде што илегално престојуваа голем број емигранти, информираат од МВР.

Според првичните информации, откриени се околу 120 илегални мигранти, од кои триесетина биле сместени во куќи во селото.

Во акцијата е пронајдено и едно лице кое се барало по потерница за извршено убиство.

Против лица од Вакцинце за кои ќе се утврди дека шверцувале емигранти ќе бидат поднесени кривични пријави.

Повеќе информации за случувањата во Ваксинце, МВР најавува во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top