| четврток, 6 декември 2018 |

Сеќавање: Во заседа кај Ваксинце загинаа Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Пред 16 години во селото Ваксинце во воениот конфликт во 2001 година загинаа македонските бранители Димитар Двојаковски и Влатко Петров од Штип. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информираше дека денеска делегација на Општина Штип  положи цвеќе на нивните вечни почивалишта.

stip-braniteli (1)

– Нивниот пат, односно губењето на нивните животи е опомена за сите нас никогаш да не се потвори тоа што се случи во таа 2001 година, дека треба да го цениме животот, пред се суверинитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и секогаш да ја паметиме нивната жртва дека своите животи ги дадоа за Република Македонија, вели Ристов.

Делегација на Општина Штип  цвеќе положи и на споменикот на бранителите, кој се наоѓа во паркот Суитлак.

Заседата кај Ваксинце – 3 мај 2001 г.

Димитар_Двојаковски
Димитар беше на позициите во Кумановско. На трагичниот ден, во рамките на граничните единици беше на теренот кај Ваксинце. Смената им почна на 2 мај во 6 часот и требаше, откако ќе пристигне замената, туку без никаква замена да се нареди повлекување во 5 часот. И групата и нивните препоставени знаеле дека низ Ваксинце има поставено барикади. Кога возилото од 7 војници стасале до првата барикада, водникот им се јавил на своите претпоставени. Меѓутоа, оттаму не добиле дозвола да се повлечат, туку да продолжат низ селото. Очигледно некому му требало да демонстрира некаква сила и тоа со необезбедена патрола. Или можеби, наредбата има друга заднина. Како и да е, момчињата ја послушале наредбата и продолжиле.

Кога ја минале барикадата, навлегувајќи во селото, веднаш влегле во осило од терористи. Се нашле сардисани од сите страни и немале можност за борба, бидејќи се враќале од позиции и биле во возилото. Од друга страна, настанот укажува и на карактерот на терористите. Ако веќе претпочитаат борба, тогаш зошто не се бореле додека момчињата биле на позиција, туку ги чекале кришум, во заседа. Ова го спомнувам не толку за терористите колку за нашата тактика во сета оваа војна. Проблемот требаше и можеше да биде разрешен уште во Танушевци. Ние моравме да си ја сочуваме границата и ние терористите да ги чекаме во заседа, а не да им дозволиме да влезат длабоко во земјата и тие нас да не дочекуваат и ликвидираат во разни заседи. Но тоа е друга приказна. И такви работи по правило се случуваат кога политичарите водат војна, а војската води политика.

Трет елемент укажува и на една сосема понаква спрега е фактот што терористите биле убедени дека го убиле таткото на Димитар, Јане Двојаковски, кој бил полковник во АРМ. Терористите на ОНА во својот прв извештај велат дека е убиен висок офицер на АРМ. Очигледно мислеле дека ме убиле мене, а не мојот син. Значи акцијата е водена без евиденција, без стратегија, без план кога и како да се дејствува. Во тој контекст, криво ми е што во врска со настанот, и не само со него, не бевме примени јас и повеќе мои колеги ниту од Претседателот Трајковски, ниту од премиерот ниту од Претседателот на Собранието. Не мора да не послушаат, но човечки беше да не слушнат, бидејќи имавме што да кажеме – вели полковникот (†2005), додавајќи дека точно ги знае сите што учествувале во убиството на неговиот син Димитар Двојаковски и Влатко Петров.[4]

Во врска со нападот на транспортерот во Ваксинце интересен е и податокот дека во него учествувале 60-тина терористи од селото на чело со сопственикот на колонијалната продавница и уште 30-тина терористи од Косово. Во самиот почеток, учествувале десетмина, но по влегувањето на траспортерот, бројката на учесниците постојано се зголемувала. Практично врз седуммината се пукало од сите страни. Подоцна, двајца од терористите се заробени и тие даваат комплетна слика за командантите, извршителите и за самиот настан.

Во заседата биле Беќир Сакипи (командант), Адем Халили (снајперист), Заим Халили, Блерим Авдиљи, Скендер Халили (командант „Скендери“), Заим Авдиљи, Севдаиљ Нуредини (снајперист), Насер Авдиљи, Арсим Османи, Буредин Лимани (снајперист), Арџент Авдиљи, Исмет Салиу (снајперист), Нехат Авдиљи, Ќани Рамадани (осматрач) и Ќани Рамиз, сопственик на продавницата „Гури-мовит“ II или „Син Камен“ во Ваксинце. Последниот ја издал наредбата за дејствување по одобрение на командантот „Шкупи“ од Слупчане.[5] Поставената „дрљача“ била главната препрека поради која транспортерот бил оневозможен да го продолжи патот за Куманово. Тука следувала канонадата од разни оружја и убиството на Двојаковски и Влатко Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top