| четврток, 6 декември 2018 |

Зико објави дека ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Бразилската фудбалска легенда Зико или, како што многумина го нарекуваат, белиот Пеле објави дека ќе се кандидира за претседател на ФИФА на вонредниот конгрес на Светската фудбалска федерација на 16 декември по оставката на Сеп Блатер.

– Важно е да гледаме што се случува во фудбалот во денешно време. Корупцијата ја „изеде“ фудбалската игра. Треба да ги вратиме чесноста и довербата. Го чувствувам тоа и како моја одговорност и ќе се кандидирам за претседател – изјави 52-годишниот Артур Антунес Коимбра – Зико.

Тој беше играч и тренер во голем број држави во светот, но досега нема искуство како административец во фудбалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top