Во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечена академија по повод 200 години од раѓањето и 110 години од смртта на Јосип Јурај Штросмаер, хрватски културен деец, духовник и филантроп.
Бискупот ѓаковички, роден во Осиек во 1815 година, бил најпознат хрватски мецена, чиешто мото во животот било „Сѐ за верата и за татковината“. Тој е значаен за хрватската култура, но и за македонската зашто со негова финансиска помош во 1861 година во Загреб бил отпечатен Зборникот на браќата Миладиновци.
На академијата на МАНУ која ќе се одржи денеска се најавени обраќања на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, ѓаковичко-осиечкиот надбискуп Ѓуро Храниќ, скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов и на академик Блаже Ристовски.
Ќе настапи и женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска-Полизова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.