Ние денеска преговаравме повеќе од 12 часа и мојата констатација е дека господинот Заев ниту сакаше да постигне договор, ниту пак дојде до тоа. Човекот не дојде да се договори, туку дојде да не се договори. Се плаши од избори. Знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, ќе го доживее најголемиот пораз на СДСМ во историјата. Ни договор сака да постигне, ниизбр сака да има. Тоа е проблемот со него – изјави премиерот Никола Груевски по долгите разговори кои се водеа во Брисел во посредништво на комесарот на проширување на ЕУ, Јоханес Хан.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев во претходните денови градеше атмосфера која укажуваше дека не сака да има договор, смета премиерот Никола Груевски.
Тој по средбата во Брисел изјави дека брифинзите што се пуштаа од страна на опозицијата во изминатите денови, како и интервјуата што ги даваа укажувале на тоа дека Заев ќе оди на варијанта да нема избори.
–Ако има избори човекот треба да се појави пред народ. И ќе изгуби со најголем пораз во историјата на СДСМ. Гледате дека така се однесуваа и денеска. Денеска пуштаа различни брифинзи со многу шпекулации, со многу нетчни работи, што дополнително укажува дека сакаше да ги уништи денешните разговори, односно доаѓањето до договор. Човек кој сака да се постигне договор не оди на таков начин. Тој сакаше да не се постигне договор. Прво за да не оди на избори, и вѕоро колку што може повеќе штета да направи за економијата на државата. Да се запре отворањето на нови работни места, верувајќи дека во еден такоб хаос што ќе го предизвика тој и неговата партија ќе имаат нешто да добијат. Политички. Тоа е неговата цел. Ни договор, ни избори само правење економска штета на Македонија – рече Груевски.
За да се реализира договорот од 2 јуни за одржување на избори до април 2016 година беше потребно денеска во Брисел да се договорат деталите како ќе бидат организирани наредните избори. Но лидерот на опозицијата Зоран Заев, според премиерот Никола Груевски, бега од тоа. Тој поставува услови за кои однапред знае дека не може да се прифатат. Целта на опозицискиот лидер според Груевски, е договор да не биде постигнат и цела работа да се одолговлекува.
Целта на Заев е да живееме во Македонија сите како заложници негови, цела држава, два милиони луѓе, чекајќи да се разреши некаква криза. Да почне да тоне економијата, а избори да нема. Затоа што ќе ги изгуби изборите, тој тоа го знае, истакна премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)