| четврток, 6 декември 2018 |

Без странци на Реал Мадрид не му бега преселба во понизок ранг (фото)

Интересна анализа направија шпанските медиуми, а многу причина за размислување има кралскиот клуб Реал Мадрид. најтрофејната европска екипа со 10 титули од КЕШ или од ЛШ.

Шпанска „Марка“ направи табела според головите што ги постигнале само домашни играчи и според неа шампион би бил Атлетик Билбао со 70 бода, пред Валенсија со 67 и Севилја со 66. Актуелниот првак на Шпанија и на Европа, Барселона би се пласирала на четвртата позиција со 61 бод, а причини за грижа би имале „кралевите“.

Грото од головите за Реал Мадрид ги постигнаа интернационалците Роналдо, Бејл, Бензема, Родригез…., а без нив 33-кратниот првак на Шпанија би испаднал од Примера Дивизија сезонава со само 37 бода. Зад нив би биле само Алмерија и Кордоба, кои и онака се преселија во понизок ранг.

primera

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top