| четврток, 6 декември 2018 |

Бришење навредливи коментари или казна од 500 до 5.000 евра во Словенија

словенија

Новиот словенечки закон за медиуми предвидува уредниците да ги бришат навредливите коментари што шират говор на омраза, а во спротивно се предвидени санкции во висина од 500 до 5.000 евра.

Станува збор за нацрт закон што се уште е во фаза на јавна расправа, но веќе отвора дебата и спротивставени мислења, бидејќи според некои вакво решение создава простор за изразување со политичка коректност, додека други сметаат дека станува збор за цензура, пренесува Танјуг.

Воведување на санкции и бришење на несоодветни коментари на читатели и слушатели, Министерството за култура, што е подносител на предлог законот, го образложува со потребата од намалување на говорот на омраза, особено во медиумите на интернет платформите.

Министерството тврди дека на тој начин само се применува резолуцијата за националната програма за борба против криминалот, каде спречувањето говор на омраза е еден од главните приоритети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top