| четврток, 6 декември 2018 |

Француските пратеници бараат да се изостават новинарите од европската директива за деловна тајна

фран

Француските европратеници се приклучија кон противниците на европската предлог-директива за деловна тајна, која во моментов се разгледува во Европскиот парламент, која според противниците го крши правото на новинарите за тајноста на изворот на информации.

Целта на директивата, која беше предложена уште во 2012 година од Европската комисија, има за цел да ги усогласи европските закони за заштита на деловната тајна во Европа.

Според противниците на директивата, истата ризикува чувствително да ја ослаби заштиата на правото на информирање оставајќи им слободен простор на претпријатијата да ги гонат судски новинарите и предупредувачите кои би откриле тајни заштитени со превезот на деловна тајна.

Во предложената резолуција за оваа директива, поднесена од францускиот европратенича Одре Линкенхелд, француските европратници ја повикуваат ЕУ да ја заштити подобро слободата на информирање, исклучувајќи ги новинарите од полето на кое се однесува текстот. Предупредувачите, исто така би требало да имаат еден вид на исклучок, без да се оди до нивно целосно изземање како новинарите, бидејќи тие немаат целосно утврден статут, како новинарите.

Засега според предлагачката на резолуцијата не е почуствуван отпор од Брисел и бројните лоби, но сепак изземањето на новинарите се уште не е гарантирано.

Француската новинарка Елиз Лусе отвори петиција на интернет за изземање на новинарите од новата директива, која според неа, ако беше веќе на сила никогаш немаше да се слушне за аферата Луксликс, пестиците Монсанто, скандалот со вакцините Гардасил, кој досега има добиено 150 000 потписи.

Гласањето на резолуцијата е предвидено за 16 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top