| четврток, 6 декември 2018 |

„Пепси“ по 17 години го менува обликот на шишето

За прв пат во речиси 17 години, Пепси целосно го менува обликот на познатото шише.

PEPSI-malo

Новата, чудна форма, секако е различна од онаа на која сме навикнати, но потпретседателот за маркетинг Ангелика Крембс сакала да биде сигурна дека потрошувачите го знаат следново, “Ние не сакавме да создадеме форма, која дојде од никаде.”

Крембс изјави дека формата е всушност слична на старите стаклени шишиња од  шишињата кои се користеле на почетокот. Таа продолжи: “Не е униформа, малку е асиметрично, има малку заобленост и разиграност, што е во согласност со акциите кои ги спроведува Пепси и младешкиот дух.”

Сето ова е дел од обидот на Пепси да го заживее својот имиџ – минус новото лого, кое веќе се случи во 2008 година.

Пепси е компанија посветена на обновување на нејзиниот изглед. Всушност, во декември одвои 50 милиони долари за да ја обезбеди Бијонсе како свој бренд амбасадор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top