Руски пратеник бара да се забранат соковите од САД и тоа да биде една од контра-мерките на воведените санкции од Запад.
Шефот на Руската партија на пензионери повикува на бојкот на „Кока-кола“ и „Пепси“, тврдејќи дека тие гиганти се главни спонзори на антируските политичари. Тој тврди дека овој потег ќе ги поттикне домашните произведувачи на безалкохолни пијалоци.
Пратеникот Игор Зотов истакнал дека овие сокови се исклучително штетни за здравјето на човекот и според тоа, нивниот увоз предизвикува штета по здравјето на рускиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.