Средбата меѓу четворицата лидери на најголемите македонски политички партии и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан за постигнување договор за ставање крај на политичката криза во Република Македонија, предмалку во зградата „Берлемонт” на Европската комисија во Брисел, стартуваше во полн состав.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, иако првично беше предвидено Хан да има на почетокот билатерални средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а потоа и со премиерот Никола Груевски, сепак, пред половина час, двајцата, седнаа на заедничка маса заедно со известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент Иво Вајгл, како и лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети.
Како што извести портпаролката на Еврокомисијата Маја Коцијанчич, четворицата македонски лидери плус Хан и Вајгл, седнаа веднаш на маса со цел да постигнат договор во однос на прашањата од постигнатата рамка на минатонеделниот состанок во Скопје.
Она што изненади на стартот, е порегот на претседателот на СДСМ, Заев, кој единствено пред средбата даде изјава, но за медиум избран од негова страна и на оддалечена место од другите новинарските тимови кои во прес-собата на Европската комисија го очекуваат исходот од денешните преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.