| четврток, 6 декември 2018 |

Признание за Основното училиште „Јоаким Крчовски“

Основното училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка го доби највисокото можно признание за проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“

zeleno zname

На екосамитот што се одржа во Охрид, Основното училиште „Јоаким Крчовски“ го доби највисокото државно признание за залагањето во проектот и успешноста на активностите, односно наградата „Зелено знаме“. Овој проект беше меѓународно спроведен, прифатен и спроведен од државните градинки, средни и основни училишта, а за тоа државата доделуваше награди. Основното училиште „Јоаким Крчовски“ го спроведе своето учество во преку 35 еколошки активности и ги спроведе сите 7 екостандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top