| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе еко-училишта добија статус „Зелено знаме“

Нa 10 ноември се одржа Еко самит 2017 на кој беше извршено официјалното доделување на интернационалното признание на еко училишта со статус на „Зелено знаме“.

На настанот исто така се одржа и Промотивниот ден за регионалниот проект „Еко пакет Македонија“ на кој се доделија сите потребни материјали и информации за реализација на проектот во еко училиштата.

На настанот присуствуваа директорите и наставниците-координатори на програмата Еко училиште од 47 основни училишта и три средни училишта, а свеченото доделување на „Зелено знаме“ на еко училиштата го изврши Рената Дескоска, министер за образование и наука.

Наградени училишта со зелено знаме се:

ООУ „Славејко Арсов“, Штип
ОСУ ,,Ацо Русковски“, Берово
СОУ„Ванчо Прке“, Виница
ООУ „Браќа Миладиновци“, Аеродром
ОУ „Тодор Ангелевски“, Битола
ООУ „Димката Ангелов Габерот“, Кавадарци
ООУ „Дане Крапчев“, Гази Баба
ООУ „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка
ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци
ООУ „Никола Петров – Русински“, Русиново Берово
ООУ „ Дедо Иљо Малешевски“, Берово
ООУ „Јан Амос Коменски“, Карпош
СУГС. „Гимназија Јосип Броз Тито“, Центар
ОУ „Св.Кирил и Методиј“, Битола
ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Центар
ОУ,,Малина Поп Иванова“, Кочани
ООУ„Св.Климент Охридски“, Македонски Брод
ООУ „Страшо Пинџур“, с.Соколарци Чешиново-Облешево
ООУ„Гоце Делчев“, Кавадарци
ОУ„Св.Климент Охридски“, Битола
ООУ „Наум Охридски“, с. Булачани, Скопје Гази Баба
ООУ „ Страшо Пинџур“, Карбинци

Критериуми за наградување на еко-училиштата со Зелено знаме се: успешна реализација на 7 чекори еко-менаџмент, интегрирање на 9 еколошки теми во наставата и постигнати резултати од реализацијата на еко-стандардите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top