| четврток, 6 декември 2018 |

Jа тужи Владата зашто синот ѝ заминал во џихад

islamic_jihad_hamas_by_ashoura_-_Copy_1_thumb_medium500_283

Една Французинка вчера поднесе тужба против Владата на Франција затоа што не успеала да спречи нејзиниот малолетен син да ја напушти земјата и да им се придружи на џихадистите во Сирија.

Тоа момче, идентификувано само како „Б“, имал 16 години кога со уште три лица од градот Ница во јужниот дел на Франција, на 27 декември 2013 година отпатувал, а претходно не го информирал семејството.

Тој неодамна го прифати исламот, а земјата ја напуштил со авион до Турција, а потоа на копно стигнал до Сирија.

Неговата мајка која неодамна со него разговарала по телефон, вели дека тој и понатаму таму се наоѓа.

Семејниот адвокат, Самиј Мактуф рече дека Турција станала вообичаена рута за влез во Сирија.

– Полицијата направи голема грешка со оглед на тоа дека малолетното момче немало придружба од возрасен. Тој имаше билет во еден правец за Турција и беше без багаж, рече тој.

Мајката на суд бара отштета од Владата на Франција во износ од 110.000 евра, за себе и нејзините други три деца.

– Не се во прашање парите, но сакаме да докажеме дека направена е грешка. Заминување малолетници во џихад мора да биде прекинато, рече Мактуф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top