Оцетот е еден од најпопуларните лекови од домашната аптека, а се користи за многу здравствени проблеми. Од висок холестерол, до губење на тежината, оцетот има неверојатни лековити својства.
Јаболкото, како главна состојка на јаболковиот оцет, има одлични хранливи својства. Содржи витамини и минерали, како што се пектин, бетакаротен, калциум, железо, фосфор и калиум. Покрај тоа, тој е извор на ензими и аминокиселини. Одличен е за чистење на организмот и го подобрува здравјето на црниот дроб и бубрезите. Ја оксидира крвта и го намалува ризикот од висок крвен притисок. Неутрализира патогени бактерии и токсични материи, кои можат да бидат внесени во телото со храна.
Истражувањата покажуваат дека јаболковиот оцет помага за зајакнување на срцето, стабилизирање на шеќерот во крвта и намалување на ризикот од рак. Постојат многу болести кои можат да се лекуваат со јаболков оцет: артритис, висок крвен притисок, запек и др.
Ги олеснува симптомите на алергија и лекува инфекција на синуси. Доволно е да го измешате со дестилирана вода и да ја вдишувате оваа смеса. Лекува акни и го подобрува тенот. Помага при настинки и грип, исто така може да помогне при болки во мускули. Помага при хроничен замор и несоница, особено во комбинација со мед. Орална употреба на оцет помага при кандида, поради силните антифунгални својства. Лекува брадавици, ублажува болка од изгореници предизвикани од сонце и помага при губење на тежината. Доколку сакате да симнете неколку килограми, потребно е, на дневна база, да пиете комбинација на јаболков оцет, сок од лимон и вода.
Иако некои луѓе го сакаат вкусот на оцетот, истиот не е добар за здравјето на забите, затоа е најдобро да се пие во мали голтки и да се избегнува контакт со забите. Освен за здравјето, оцетот се користи и како средство за чистење. Може да се користи и како средство за дезинфекција, што ги елиминира вирусите и бактериите од работната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.