| четврток, 6 декември 2018 |

Во сообраќајката кај Куманово тројца загинаа, уште едно лице се бори за живот

Три лица загинаа, а едно се бори за живот во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 17 часот се случи на излезот од кумановското село Бедиње.

115000424000_10205294870943

 

Лицето кое е во критична состојба е префрлено на скопските клиники и се бори за живот. Според првичните информациии на полицијата четворицата патници се возеле во автомобил марка „БМВ“. Неофицијално, станува збор за малолетни лица на возраст од 17 години. Од СВР Куманово се уште не излегуваат со точна информација за возраста на загинатите, бидејќи во тек е идентификација на телата.

Според првичните информации на полицијата, возило марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблици, возело на мостот од селото кон центарот на Куманово, во еден момент од засега необјаснети причини возилото излетало од мостот и паднал на долниот коловоз. Во истиот момент во ленатата каде паднало возилото возела цистерна која највериојатно да го избегне судирот нагло закочила и се превртела од другата на коловозот.

12500257065_102052953879968

Цистерната со скопски регистарски таблици ја возел 45-годишен кумановец кој патувал кон граничниот премин „Табановце“. Според МВР човекот се здобил со телесни повреди, но е во состојба на шок состојба и уште не може да зборува. Сообраќајот на двете коловозни ленти е затворен, а голема е колоната на товарни возила кои останаа заглавени на автопатот.

фотографиите се од ѕидот на сообраќајниот срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top