| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот премиер Давутоглу поднесе оставка

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу поднесе оставка како дел од постапката по парламентарните избори. Оставката е прифатена од претседателот на Турција Таип Ердоган, соопштија медиумите.

timthumb

Давутоглу ќе остане на функцијата до формирањето на новата влада, соопшти претседателството во соопштението.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се очекува да му довери на Давутоглу да формира нов кабинет, откако ќе бидат објавени конечните резултати од изборите.

Уставот на Турција овозможува спроведување на нови избори, ако нема успех за формирање влада во текот на 45 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top