Синоќа светските медиуми пренесоа непријатна сцена пред стартот на подготовките на шпанската фудбалска репрезентација. Шпанија треба да ги одмери силите со Белорусија во рамките од квалификациската група Ц за Европското првенство 2016 година во која се наоѓа и нашата земја.
Голманите Икер Касилјас и Давид Де Хеа дојдоа речиси истовремено во базата, но не се ни погледнаа, а не станува ниту збор за да се поздрават. Касилјас замина да подели некој автограм, а потоа истото го стори и Де Хеа, меѓутоа не следуваше меѓусебен поздрав.
Касилјас може да добие сериозна конкуренција меѓу стативите во Реал Мадрид, бидејќи „кралскиот клуб“ сериозно размислува да го доведе Де Хеа во своите редови ова лето, што би значело дека иконата на клубот би можел да го грее столчето за резервни фудбалери цела сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)