Во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и јуни месец содржи неколку исклучителни културни и уметнички настани.
Во салата на Домот на културата, во среда на 10 јуни 2015 (од 18 и 20 часот) ќе се одржат традиционалните Годишни концерти на Балетското студио „Венус“ од Кавадарци. Концертите на „Венус“ вообичаено се големи балетски спектакли со учество на сите групи по возраст и се своевидна презентација на едногодишната работа на ова, речиси дваесет години, едно од најуспешните и најнаградувани македонски балетски студија. Кореографиите на годишните концерти се авторство на Билјана Грозданова Ивановска и Ана Балова и се дел од кореографите со кои „Венус“ зеде учество на меѓународни натпревари, фестивали и карневали во Македонија и странство.
Во петок, 12 јуни 2015, љубителите на културата и уметноста во Кавадарци ги очекуваат два настани во организација на кавадаречкиот Дом на култура. Во Галеријатa при Домот на културата, со почеток од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот македонски ликовен уметник Новица Трајковски, кој пред кавадаречките љубители на ликовната уметност доаѓа со дела од неговиот последен креативен циклус, со кои претходно се претстави во Скопје, Велес и Неготино.
Истата вечер, со почеток од 21 часот, на локацијата на Малиот парк ќе се одржи целовечерен концерт на познатата македонска етно група „Монистра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)