| четврток, 6 декември 2018 |

Драмски театар: Театарот не е, не бил и не може да биде место за пресметка на политичките неистомисленици

Драмски театар Скопје најостро го осуди упадот на четврти јуни година во НУ Театар Комедија на претставата „Лисистрата“ од Аристофан.

Dramski jubilej 13 (Custom)

 

„Театарот не е, не бил и не може да биде место за пресметка на политичките неистомисленици. Господата кои упаднале на овој тетарски чин би морале да разликуваат две работи. Едно е политички став искажан преку едно театарско уметничко дело, а друго е директен, надворешен упад со политички став во едно театарското уметничко дело. Нападот упатен лично кон нашата колешка и една од најголемите македонски актерки во моментов, Јелена Жугиќ, е напад насочен кон погрешна личност. Имено, во тој миг на сцената постоела Лисистрата која може да биде нападната единствено од карактерите на Аристофан. Јелена Жугиќ, личноста кон која што бил упатен нападот во тие моменти не била присутна на сцената. Таа во моментот кога го облекла костимот на Лисистрата, престанала да биде Јелена, станала Лисистрата. Барем така не учеа, не учат и ќе не учат големите мајстори на нашиот занает, а големите актери тоа и го применуваат“, се вели во соопштението на Драмски театар испратено до медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top