Капитенот на Јувентус и првм голман, Џанлуиџи Буфон истакна дека сака да остане во Јувентус уште три години и потоа да стави крај на кариерата.
По одличниот настап за шампионот на Италија и вицешампион на Европа, многу светски медиуми го поврзуваа Буфон со крајот на неговата кариера, но тој го негираше тоа и истакна дека сака уште да брани.
Постоеја моменти кога си дозволив себе си да верувам во одличен епилог. Докажавме дека може да играме на високо ниво. Го почнавме натпреварувањето како аутсајдери, и не би требало да жалиме за поразот во финалето“ – вели Буфон за „Тутоспорт“.
Буфон има 37 години, но изјавува дека не размислува за пензија и посакува да брани уште три години.
Сакам да бранам на ова ниво уште најмалку три години, а тогаш ќе подвлечам црта. Се надевам дека до тогаш ќе исполнам барем еден сон“ – изјави Италијанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.