Рокот за поднесување барања за директни плаќања за мерките по површина земјоделско земјиште и мерките по грло добиток е продолжен до 30 јуни 2015 година, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Барањата за земјоделско земјиште се пополнуваат по електронски пат со податоци од Единствениот регистар на земјоделски стопанства со состојба на 31 мај 2015 година.
Барањата за мерките по грло добиток се пополнуваат по електронски пат со податоци од Регистарот на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето .
Барањата за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во период од јануари до април 2015 година се поднесуваат до 15 јуни 2015 година.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди


