| четврток, 6 декември 2018 |

Трипл-дабл на Леброн за брејк во Оукленд (видео)

lebron dzejms

Леброн Џејмс можеби го одигра најдобриот натпревар во пелјеофот во својата кариера во НБА-лигата.
Тој со трип-дабл успеа да дојде до победа со Кливленд во финалето на НБА израмнувајќи го резултатот на 1-1 против Голден Стејт на гостински терен во Оукленд по едно продоложение (95-93).
Кралот Џејмс беше феноменален со 39 поени, 16 скока и 11 асистенции и беше најзаслужен за победата и направениот брејк.

Ако Леброн беше херој на натпреварот, тогаш трагичар е најкорисниот играч на сезоната Стеф Кари со „само“ 19 поени и лош процент на шут од поле, губејќи ја топката во последниот напад за победа. Најефикасен кај Голден стејт беше Клеј Томпсон со 34 поени.

Солидна партија одигра и центарот на Кливленд, Тимофеј Мозгов, со 17 поени и 11 скока, ако и Тристан Томпсон кој беше извонреден под обрачите и собра 14 скока.

Следниот натпревар се игра в среда наутро со почетокот од 3 часот, а домаќин е Кливленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top