
Швајцарецот Станислас Вавринка се закити со пехарот на Ролан Гарос, но светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ ги доби овациите од публиката на централниот стадион „Филип Шатрие”. „Ова е нешто незаборавно. Оваа публика, овој турнир, овој град се нешта кои остануваат во срцето. Се надевам дека ќе успеам следните години да го освојам и турнирот во Париз. Овој пат му честитам на големиот шампион Вавринка кој одигра одличен меч и го заслужи трофејот, изјави Србинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


