Француската полиција уапсила двајца мажи поради планирање напади врз христијански цркви во париското предградие Вилжуф, објавија локалните медиуми во неделата.
Осомничените се уапсени во неделата наутро во гратчињата Лимеи и Мант-ла-Жали, западно од Париз и се товарат за припадност на терористичка организација.
Најновите апсења следат две седмици откако беше уапсен уште еден маж во врска со напади на црквите во Вилжуф. Тој е обвинет дека ги осмислил нападите, според полицијата, кои требало да бидат изведени во скоро време. Тоа лице, исто така, е вмешано и во убиство на една жена.
Франција ги зајакна безбедносните мерки и антитерористички акции по нападите од првата седмица во Париз кога во два терористички напади на исламистички радикали беа убиени вкупно 17 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.