| четврток, 6 декември 2018 |

Убијци побегнале од најодбезбедуваниот затвор во САД

Двајца осудени убијци во американската држава Њујорк, успеале да побегнат од затворот во Данмори.

ubijci_begstvo-650x396

Гувернерот Андру Комо предупреди дека затворениците се опасни. При утринските проверки на ќелиите е откриено дека Дејвид Свит (34) и Ричар Мет (48) побегнале.

Во масовната потрага на полицијата започна вклучени се 200 полицајци, специјалната единица „SWAT” и хеликоптери. Властите наведуваат дека затворениците имале добро разработен план за бегство и дека имаат ископано дупка во ќелијата во затворот со најголем степен на безбедност, кој се наоѓа во непосредна близина до границата со Канада.

Свит е осуден на доживотна казна затвор поради убиство на полицаец, а Мет е осуден на најмалку 25 години затвор, без право на помилување до 2032 поради убиство и киднапирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top