| четврток, 6 декември 2018 |

Седуммина од терористите во „Диво Насеље“ биле меѓу напаѓачите во Гошинце

Имињата на другите четворица кои ја напднаа и караулата, а подоцна се стационирале и подготвувале напади од „Диво насеље“ се Адријан Бујари Реџеп Реџепи, Фејзула Рушитовски и Валдет Зекај

Форензичките анализи на биолошки траги и отпечатоци потврдиле дека седуммина од терористите во кумановскoто „Диво Насеље“ претходно биле меѓу напаѓачите во караулата Гошинце, објави „Канал 5“.

Мегу нив се и водачите Мирсад Ндрецај алијас командант Нато и Бег Ризај алијас командат Бегу кои беа убиени во Куманово како и Дем Шеху кој е во притвор.

Имињата на другите четворица кои ја напднаа и караулата, а подоцна се стационирале и подготвувале напади од „Диво насеље“ се Адријан Бујари Реџеп Реџепи, Фејзула Рушитовски и Валдет Зекај.

Како што објави „Канал 5“ групата која ја запоседна „Диво насеље“ и уби осуммина полицајци има дебели полициски досиеја и богата криминална историја.

Ова го потврдиле податоците кои МВР ги добила преку Интерпол. Дваесет и еден од нив се гонат за 104 најразлични кривични дела од  убиства до семејно насилство и киднапирање.

Според досегашната истрага рекордер со 22 кривични дела  е косовскиот државјанин Валдет Зекај кој се смета одговорен и  за две убиства . Зад него со 18 кривични дела е Шефкет Каљачи.

Мухамед Красничи или командант Малишева има 11 пријави од кои две убиства, трговија со дрога и нелегално оружје, киднапирање.

За Ндрецај досега се најдени само 3 кривични дела: закана, напад и телесна повреда.

Толку има и Сами Укшини, алијас  командант Соколи.

Дем Шеху има 5 кривични дела од кои две ги сторил во Македонија.  На оваа листа се најдоа и деветмина од македонските државјани кои учествувале во престрелката со полицијата во Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top