Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу полноќ на патот Градско – Велес во близина на месноста Венуле.
Повредените мигранти, кои биле превезувани во патничко комбе, се пренесени во велешката болница. Двајца од мигрантите се со тешки телесни повреди. Возачот на патничкото комбе е приведен на испитување во велешката полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.