Некои производи не мора да ги фрлате ако стојат долго, бидејќи рокот на траење им е неограничен.
Мед
Без разлика на тоа пред колку време сте ја отвориле теглата, медот не го изгубил својот драгоцен квалитет. Може да ја промени бојата, да се кристализира, но секогаш ќе остане безбеден и вкусен. Тоа е заради тоа што микроорганизмите не можат да преживеат во ниската содржина на вода во медот. Потребно е само медот да се чува на ладно и темно место.
Јоворов сируп
Баш како и медот, јоворовиот сируп има способност да трае засекогаш. Единствената разлика е во тоа како треба да го чувате, најдобро е во замрзнувач.
Шеќер
Не е важно дали е бел или кафен, можеби во прав – секогаш ќе може да се јаде. Шеќерот едноставно не може да се расипи, бидејќи бактериите не можат да живеат во таква околина. Чувајте го на ладно и суво место.
Ориз
Било каков вид на ориз, освен кафен, може да трае закогаш. Причината заради која кафениот ориз има рок на траење од неколку месеци е тоа што содржи повеќе масло од било кој друг вид на ориз. За оризот да има неограничен рок на траење, треба да го чувате на ладно и суво место, а може и во фрижидер или замрзнувач.
Сол
Морска или било која друга, не може да се расипи, ако ја чувате на ладно и суво место. Дури и кога ќе прими влага, таа може да се консумира, само што вкусот на таа сол ќе биде малку променет.
Алкохол
Водка, рум, виски и слични пијалоци, никогаш не можат да се расипат. Дури и откако ќе им се отворат шишињата во кои се наоѓаат. Можеби вкусот и мирисот малку ќе ослабат, но пијалокот никогаш нема да се расипи. Не заборавајте шишињата да ги чувате на ладно и темно место, цврсто затворени.
Екстракт од ванила
Никогаш не треба да фрлате чист екстракт од ванила од страв дека рокот му е поминат. Всушност, тој станува поубав со тек на време, но само ако гу чувате на ладно и суво место во добро затворено паковање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.