Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков, пратеникот Васил Пишев и претставници на Центарот за социјални работи и Црвениот Крст го посетија семејството Јанкови од смоларе Смоларе, општина Ново Село.
– Пред една година, го посетивме семејството Јанкови кое што живееше во една трошна куќа. Се работи за семејство во кое што има две деца со најтежок степен на интелектуална попреченост, а едното лице е исто така и слепо. Живееа во навистина тешки и лоши услови во една трошна куќа, каде што двете деца практично повеќе од триесет години се немаа симнато во сопствениот двор. Можеби како луѓе не можеме да помогнеме да се врати видот на детето, но сепак сметам дека со овој гест ги вративме насмевките кај ова семејство. Како резултат на заедничката помош и поддршка која што ја даде и Министерсвото за труд и социјална политика, успеавме да им изградиме целосно нова куќа на семејството Јанкови, која што е на приземје и лицата кои што се неподвижни и се движат во количка ќе можат полесно да го поминуваат секојдневието, изјави Спасов.
Тој истакна дека министерството обезбеди и континуирана парична помош за ова семејство, односно додаток за слепило во износ од 7.000 денари и надоместок за нега од друго лице во износ и за двете лица, односно вкупна помош за двете лица во износ од 16.200 денари што е дополнителна и значителна редовна финансиска поддршка за ова семејство.
Пратеникот Пишев и градоначалникот на Ново Село изразија јавна благодарност со сите стопанственици од Струмица кои помогнаа во изградбата на новиот дом за семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот и ја поклони на Никол Кидман куќата од соништата (фото)
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов