Кантри музичарот Кит Урбан на својата сопруга ѝ подарил ултимативен подарок – куќа вредна 52 милиони долари во Њујорк.
Извори за „Вуманс деј“ посочиле дека Кит одлучил дека е совршено време тој на својата сакана сопруга да ѝ даде ултимативен подарок – куќата од нејзините соништа во Њујорк, а со цел таа да може да го оствари својот сон да има настапи на Бродвеј.
Личност блиска со Кидман и Кит открила дека музичарот платил 52 милиони долари за домот на Менхетн.
Некогаш дом на Мајкл Џексон
Инаку, оваа недвижнина некогаш била дом на покојната музичка легенда Мајкл Џексон. Куќата има седум спални соби, осум бањи, приватен надворешен простор, огромна кујна и е како измислена за младо семејство. Објектот е изграден во 1898 година, зафаќа површина од над 1.000 квадратни метри и има вкупно 16 соби.
Никол Кидман, која има 50 години, била воодушевена кога открила дека Кит ја купил куќата за да може да го оствари својот сон – да има ангажмани во театарската мека Бродвеј.
– Никол обожава бродвејски шоуа и почна да работи на телевизиски проекти, а Њујорк е многу подобро место за тоа, отколку да бидат во Нешвил – посочил инсајдер запознаен со одлуките на Кит и Кидман.
Образование на ќерките
Двојката исто така се одлучил на преселба во Њујорк и затоа што размислувале за иднината и образованието на нивните деца.
– Таму се некои од најдобрите училиште во земјата и тие сметаат дека нивните девојчиња ќе имаат корист од преселувањето во Големото Јаболко, сега кога се веќе потпораснати – додал пријател на Кидман.
Никол Кидман и Кит Урбан се во брак 11 години, а нивните ќеркички Сандеј и Фејт имаат девет, односно 11 години.
Британски „Метро“, по објавата на информацијата за купување на куќата од 52 милиони долари, излезе со статија во која коментира: Тоа значи дека Кит Урбан има некој долар во банка. Па, колку „тежи“ тој?
Благодарение на неговите музички и телевизиски ангажмани, богатството на Кит Урбан е околу 75 милиони долари, според „Ричест“. Во 2013 и 2014 година тој оствари околу 20 милиони долари само од концертната турнеја и продажба на албуми.
Во април годинава, пак, имаше информација дека оскаровката Никол Кидман за 50-тиот роденден од својот сопруг Кит Урбан ја добила куќата во која растела на Хаваи. Се шпекулираше и дека музичарот тоа го направил за да го спаси бракот. Не е познато колку пари платил Урбан за куќата во која Кидман живеела до својата четврта година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.