Тауфик ал-Геј, зет на лидерот на терористичката ИДИЛ, Абу Бакр ал-Багдади, загинал во артилериски напад во провинцијата Киркук во Ирак.
Артилерискиот напад бил изведен од страна на ирачката армија и силите на народното движење од областа Ал-Хавига во провинцијата Киркук, северен Ирак. Тауфик ал-Гејт се сметаше за управник округот и беше шариатски муфтија.
„Зетот на Абу Бакр ал-Багдади, терористот Тауфик ал-Гејт бил убиен за време на артилериски и ракетен напад во округот од страна на ирачката армија“ посочиле од локалниот совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.