Романските обвинители за борба против корупција изјавија денеска дека покренале истрага против премиерот Виктор Понта поради основано сомневање дека е вмешан во фалсификување, перење пари, конфликт на интереси и затајување данок.
Романските медиуми јавуваат дека премиерот е забележан денеска изутрината како влегува во канцеларијата на Обвинителството задолжено за борба против корупција.
Јавните обвинители спровеле серија апсења на високи функционери изминатите неколку месеци во државата, која важи за една од најсиромашните и со највисок степен на корупција во Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.