Дизајнерката и поранешна пејачка Викторија Бекам, изјави дека не сака повеќе деца бидејќи, според неа, ја исполнила обврската на мајка. Викторија и Дејвид Бекам имаат вкупно 4 деца, Ромео 12 години, Круз има 10 години, Бруклин 16 години и Харпер има 3 години.
Ѕвездата сподели уште и дека планира да ја прошири дизајнерската дејност и да пушти линија за детска облека, како прилог на женската и на машката колекција.
Во меѓувреме, таа се појави со одличен стил за модна икона како неа. Таа вешто има одбрано и соодветни обувки на платформа во црна и нежно розева боја, многу актуелни за лето 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





