| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС: Убијте ги неверниците во Македонија, Косово и во Албанија (ВИДЕО)

isis

Албанските медиуми објавија видео во кое членови на ИСИС се заканауваат на земјите од Балканот. Под наслов „Честа е во Џихад, порака до Балканот,” во видеото повеќе членови на ИСИС од Балканот им се обраќаат на Муслиманите од Балканот, и ги викаат да дојдат да се борат во Ирак и Сирија.

„Упатуваме порака на сите оние кои почитуваат друг господ освен Алах во Албанија, Косово, Македонија и целиот Балкан. Немојте да мислите дека ние ги имаме заборавено сите штети што ги вршите врз муслиманите. Немојте да мислите дека ние ги имаме заборавено оние кои се непријатели на Алах. … Ние ќе ви дојдеме со бомби.“

Во видеото се апелира за две работи, да им се придружат во борбата во Сирија, или, пак, ако не можат да дојдат, да ги убијат неверниците во своите земји.

„Убијте ги, ставете им бомби под нивните автомобили, во нивните куќи. Отрујте ги, ставете им отров во нивното јадење и пијалок. Убијте ги каде и да сте“

Овие закани се упатени во видеото на албански јазик од членови на ИСИС со имињата Абу Билкис (Ал Албан), и Абу Микатил (Ал Косова).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top