Првиот светски рекет Серена Вилијамс се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако со пресврт славеше над Швајцарката Тимеа Бачински со 2-1 (4-6, 6-3, 6-0) во сетови.
Бачински одигра одличен прв сет и заслужено дојде до предност од 1-0. Во вториот сет Серена собра сили да дојде до израмнување иако слабо играше до тој момент од мечот.
По израмнувањето, доминацијата на Американката дојде до израз и без загубен гем успеа да се пласира во финалето на Ролан Гарос.
Таа таму ќе се обиде да дојде до 14. титула на гренслемите во кариерата, но ќе мора прво да ја победи Луси Шафарова.
Чешката тенисерка одигра уште еден добар натпревар во полуфиналето и сосема заслужено славеше победа над Ана Ивановиќ со 2-0 (7-5, 7-5) во сетови. Ивановиќ и во двата сета имаше брејк предност, но не успеа да ја задржи и по голема борба мораше да ѝ честита на противничката.
Финалето е закажано за в сабота со почеток од 15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.