| четврток, 6 декември 2018 |

Упад на СДСМ во Театар Комедија

Активисти и членови на СДСМ, истите кои протестираат и седат во кампот пред Владата и кои се на секој протест на опозицијата, денеска направија упад и прекинаа театарска претстава во Театар Комедија, каде што на репертоар била претставата „Лисистрата“.

11418369_10207135576977274_1162467237_n-1

 

Со ова, раководството на СДСМ директно се впушта во опструкција на работењето на институциите и нивното рушење. Иако се борат под плаштот на некаква демократија и слобода, всушност тие се првите кои и ја загрозуваат и на голема врата ја внесуваат политиката во уметноста. Вакви упади и прекини во современиот свет се типични за ултралевичарски или ултрадесничарски групи кои во својата основа функционираат врз тоталитарни принципи. Ваквиот потег не придонесува за надминување на актуелната политичка криза, за што изгледа само декларативно се залага раководството на СДСМ. Упатените, ваквиот чекор го толкуваат како плод на нервоза и тоална безидејност.

gerila-3

За други пак, ваквниот чекор е само дел од мозаикот и атмосферата која ја диригираат луѓето на Сорос кои на големо создаваат терен и подлога преговорите во Брисел да не успеат, плашејќи се од избори на што, со оглед на исклучително слабата поддршка на народот на СДСМ гледаат како неповолно сценарио.

театар комедија

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top