| четврток, 6 декември 2018 |

Над 30.000 луѓе протестираа во Минхен против самитот на Г7

Околу 34 илјади луѓе протестираа во четвртокот во Минхен против претстојниот самит на челниците на седумте најразвиени земји Г7, објави полицијата на баварската полиција.

– Во моментов на протестот во Минхен присуствуваа 34 илјади луѓе – изјави портпаролот на полицијата.

Протестите на коишто повикаа повеќе германски партии и невладини организации, се одржа под мотото „Стоп за TTIP (Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство) – спасете ја климата – борба против сиромаштијата“. Меѓу транспарентите, исто така, бројни беа и оние со натписите „Стоп за Г7“, „Блокирајте го самитот на Г7“, „Потребен ние е поинаков свет“.

Демонстрантите, главно, го критикуваа планираното потпишување на договорот меѓу ЕУ и САД за создавање слободна трговска. Меѓу демонстрантите имаше политичари, како заменичката претседател на Бундестагот (германскиот парламент) Калудија Рот од партијата на Зелените, нејзиниот сопартиец Јирген Тритин, парламентарецот од Левата партија Клаус Ернест, пренесуваат германските медиуми.

За одржување на мирот и безбедноста во Минхен биле ангажирање околу 3.000 полицајци. Меѓутоа, и покрај бројноста на демонстрантите не е регистрирани ниеден инцидент, истакнаа од минхенската полиција.
Самитот на Г-7, или „Големите седум“ (САД, Јапонија, Канада, Германија, Велика Британија и Франција), ќе се одржи на 7 и 8 јуни во баварскиот замок Елмау, во близина на Гармиш-Партенкирхен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top