| четврток, 6 декември 2018 |

Завршни настани на проектот “Откриваме, градиме, заедно сме!“

На 5 јуни, со почеток во 13 часот, ќе се одржи промоција на кратки и видеоарт филмови кои ги подготвија учениците што ги посетуваа филмските и медиумските работилници. Додека, нa 7 јуни, со почеток во 18 часот, во Театарот Комедија ќе се претстават учениците од театарските работилници, а ќе ги изведат претставите: „Ромео и Јулија“ од Шекспир, „Хомо Новус“ и „Градиме мостови, рушиме ѕидови“

Проектот „Откриваме, градиме, заедно сме!“, кој веќе трета година успешно спроведува креативни работилници во доменот на театарот, филмот и медиумската култура, а е наменет за средните училишта во Скопје, е долгорочен проект на Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт медиа“ од Скопје.

unnamed (6)

Учениците кои ги посетуваа креативните работилници ќе ги покажат своите вештини преку креативните медиуми: филм, театар и медиумска култура. Во февруари годинава во Театарот Комедија во Скопје се одржа првиот настан, именуван како „Отворен креативен ден“, каде што учениците се претставија со нивната мултимедијална изведба на драмите „Лонг плеј“ одГоран Стефановски и „Бегалка од 80-ти“, направена по мотиви на „Бегалка“ од Васил Иљоски, како и кратки филмови и видеоанимации што ги изработија младите од филмските работилници. Истовремено, учениците кои ги посетуваа медиумските работилници изработија неколку интервјуа и написи за медиумите.

За крај на оваа учебна година учениците се подготвуваат за два настана насловени како „Отворен филмски ден“ и „Отворен театарски ден“, на кои ќе ги покажат стекнатите знаења во доменот на театарот, филмот и медиумската култура.

 

unnamed (5)

На 5 јуни, со почеток во 13 часот, ќе се одржи промоција на кратки и видеоарт филмови кои ги подготвија учениците што ги посетуваа филмските и медиумските работилници. Додека, нa 7 јуни, со почеток во 18 часот, во Театарот Комедија ќе се претстават учениците од театарските работилници, а ќе ги изведат претставите: „Ромео и Јулија“ од Шекспир, „Хомо Новус“ и „Градиме мостови, рушиме ѕидови“.

Сите три претстави се одиграни од ученици од сите шест училишта и ќе ни покажат различни видови на театарска форма. Во„Ромео и Јулија“ учениците се обидоа да се справат со шекспиријанскиот стих, во „Хомо Новус“ учениците ќе раскажат приказна преку пантомима, а во „Градиме мостови, рушиме ѕидови“, учениците ќе ја покажат еднаквоста кај младите, кршењето на националните бариери и толеранцијата кај младите преку текст кој го напиша еден од учениците.

Координаторката на проектот, режисерката Наташа Поплавска, вели дека проектот веќе трета година го спроведува со своите соработници Емил Петров, Жаклина Петровска, Доријан Миловановиќ,  Климентина Илијевски, како и  други експерти од доменот на театарот, филмот и медиумската култура, нагласувајќи дека креативноста кај младите е непресушен извор.

 

unnamed (4)

Преку проектот „Откриваме, градиме, заедно сме!“ учениците ја развиваат својата креација, отворајќи ги своите проблеми, кршејќи ги предрасудите и бариерите, истакнувајќи ја толеранцијата меѓу младите како важен фактор за градење на подобро општество, користејќи ги кретивните алатки: театар, филм и медиумска култура. За успешна реализација на проектот беа вклучени и наставници – координатори од средните училишта со цел тие да можат да продолжат понатаму да го пренесуваат знаењето стекнато во текот на овој проект на следните генерации што доаѓаат.

Оваа учебна година проектот е поддржан од Град Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, а учество земаа шест средни скопски училишта: „Јосип Броз – Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Боро Петрушевски“, „Орце Николов“, „Арсениј Јовков“ и „Никола Карев.

Повеќе од 200 ученици ги посетуваа работилниците, креираа заедно, веќе неколку пати се презентираа пред јавноста, одигрувајќи ги своите дела на сцена, покажувајќи ги своите филмови на платно, а истовремено тие земаа учество и во патронатите на своите училишта, учествуваа на неколку филмски и медиумски натпревари, а некои од нив се здобија и со награди и признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top