Денес возилото не е само дел од нашето секојдневие, но и наш втор дом. Затоа решивме да се запреме на тема поврзана со бојата на автомобилот и што покажува таа за сопственичката.
Можно ли е бојата на автомобилот да покажува нешто од вашиот карактер?
Многу често тоа е директен психолошки сигнал за тоа како сакаме околината да нè доживува. На овој избор влијаат многу фактори, на пример возраста и полот, како и кои се повеќе достапни и популарни бои на пазарот.
Еве што според експертите вели бојата на колата за вашата личност.
Металик или бела: Ако вашиот автомобил е металик или бел, вие се стремите на околината да ѝ се претставите како едно свежо, младо, модерно лице. Овие светли бои одат со чистота и искреност.
Сребрената покажува дека имате висок статус и не се плашите тоа да го покажете, а белата покажува дека поседувате бескомпромисен вкус и елеганција. Автомобилот во светла боја има потреба од постојани грижи.
Црвена: Силна и енергична дама веројатно ќе избере црвен автомобил. Црвеното зрачи со енергија, сила и подготвеност за акција. Црвениот автомобил обично сигнализира самодоверба и динамичност.
Жените кои возат црвени автомобили се принципиелни, но и многу експлозивни, како кон себе, така и кон околината. Знаат што сакаат. Сепак црвената боја е симбол на сила и моќ.
Сина: Гламурозна дама, на која секој може да се потпре. Синото сигнализира стабилност, доверба и спокојство. Најчесто тоа е бојата, која мајката би ја одбрала за семејниот автомобил. Синото зрачи со безбедност.
Дамите што ја избираат сината боја за нивниот автомобил, се во хармонија со духот и телото, а тоа јасно покажува дека може да имате доверба во нив. Сините автомобили во последно време не се многу популарни, но овој тренд наскоро ќе се промени, особено меѓу жените купувачи.
Крем / Кафеаво: Жена на безбедноста и контролата. Кафената емитува спокојство и мир, а приоритетот кон кафеава или крем може да каже доста и за односот кон парите.
Жена која преферира кафеава, не сака да троши пари за мали и непотребни предмети. Таа бара вредност и трајност во своите купувања и не се интересира многу за модата. Сопственичките на кафеави автомобили се смирени и сакаат да ги држат работите под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.