| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Македонски спортист позитивен на допинг-контрола во Баку

Македонија учествува на првите Европски олимписки игри во Баку, Азербејџан со 45 спортисти. Македонскиот олимписки комитет (МОК) побарал да се изврши ненајавена и дополнителна допинг-контрола над десет спортисти од Македонија надвор од натпреварите кои следуваат.

Во соработка со Националната антидопинг-комисија, а по завршувањето на анализата од примероците која е извршена во акредитираната лабораторија во Сиберсдорф, Австрија, МОК изјави дека биле добиени девет негативни и еден неповолен аналитички наод кој наведува дека постои претпоставен прекршок на антидопинг-правилата.

Сите правни процедури се преземени и наскоро конечната одлука ќе биде јавно достапна, информираат од МОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top