В сабота ќе биде отворен најголемиот базен на отворено „Базен Аеродром“.
На 6 јуни во 10 часот сите љубители на водата, пливањето и сончањето ќе можат да бидат дел од отворањето на новата сезона на базенот во Аеродром.
Од менаџментот најавуваат дека ќе се задржат содржините од изминатата сезона, но и дека ќе се надополнат со забава за најмалите и останати спортски активности. Деталите за новите содржини ќе бидат најавени во текот на месецот.
Покрај пливањето и сончањето, посетителите ќе можат да пробаат од специјалитетите на летната бавча или да се разладат со ладен пијалак од останатите барови за разладување кои работат во склоп на базенот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)