| четврток, 6 декември 2018 |

Гласајте за гол каубој за премиер на Данска

Џон Ерик Вагнер сметал дека постерите за кампањите во Данска се досадни. Сакал неговата кампања во трката за премиер да биде изненадувачка и поинаква. Затоа го излепил центарот на главниот град со постери на кои е изложен неговиот- пенис!

Вагнеровите постери „со пенис“ го претставуваат пред граѓаните на Копенхаген сликан во профил, само со каубојска капа и ремен за револвер.

Мотото гласи: „Гласајте за Вагнер, тоа придонесува“.

o-DANISH-COWBOY-570Вагнер е 51-годишен независен кандидат на општите избори во Данска кои ќе се одржат кон крајот на месецов. Ова му е трет обид за политичка кариера.

Покрај овој плакат, Вагнер изработил и постери како Џемс Бонд.

Политичката платформа му се темели на ветувања за бесплатна национална грижа за забите, како и работно време од шест месеци во годината и шест месеци годишен одмор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top