Американскиот универзитет „Харвард“ доби најголем подарок во својата историја, 400 милиони долари од поранешниот студент Џон Полсон, хеџ фонд менаџер од Волстрит, пренесе МИА.
Донацијата ќе биде искористена за унапредување на Одделението за инженерство и применети науки, соопштија вчера од „Харвард“.
Претставници на Универзитетот изјавија дека Одделението ќе биде преименувано во Џон. А. Полсон школа за инженерство и применети науки.
Полсон во 1980 година дипломирал на Харвардскиот деловен факултет. Со два милиона долари формирал компанија за управување со инвестиции „Полсон енд компани“, која во моментов управува со повеќе од 19 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кои се петте најкорисни физички вежби според научниците на Харвард?
-
„Харвард“ на првото место, Македонија нема претставник на Шангајската листа
-
Творецот на „Фејсбук“ конечно дипломираше, а на својот профил Цукерберг напиша: Мамо, ти реков дека еден ден ќе се вратам дома со диплома!
-
Нова технологија: Отстранување тумор на мозок со помош на ласер


