Најдобар универзитет во светот е Харвард, а потоа се Станфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универзитетот во Чикаго, покажува објавената престижна Шангајска листа.
Меѓу првите десет универзитети на оваа листа се осум американски и два британски универзитета.
Што се однесува на регионот, на листата се само Универзитетот во Белград, кој е позициониран меѓу 201. и 300. место и Универзитетот во Љубљана, кој е во групата од 401. до 500 место. На листата нема универзитети од Македонија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Шангајската листа, која секоја година ја објавува универзитетот Џијао Тонг од Шангај, е една од највлијателните листи, која ги рангира петстотините најдобри универзитети во светот.
Клучни критериуми за рангирање на универзитетите се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, цитираност, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали што студирале или работат таму.
Листата е неформална, но е работа на престиж да се биде на неа бидејќи опфаќа само два отсто од светските универзитети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кои се петте најкорисни физички вежби според научниците на Харвард?
-
Творецот на „Фејсбук“ конечно дипломираше, а на својот профил Цукерберг напиша: Мамо, ти реков дека еден ден ќе се вратам дома со диплома!
-
Нова технологија: Отстранување тумор на мозок со помош на ласер
-
Колку чини студирањето на најпознатите универзитети во светот