Американските научници развиле технологија која овозможува примена на ласер за отстранување тумор на мозок.
Тестирањето е спроведено на 360 пациенти и покажува како со ласерот е можно прецизно да се одреди каде завршува ткивото на туморот на мозокот и почнува здравото ткиво, објави стручното списание „Нејчр биомедикал енџениринг“.
Тоа на хирурзите им овозможува отстранување на целиот тумот на мозокот и ја елиминира потребата за евентуални нови операции, појаснуваат истражувачите од Харвард и нивните колеги од Универзитетот во Мичиген.
Истовремено се намалува ризикот неврохирурзите по грешка да отстранат здраво ткиво.
Делувањето на ласерот се темели на користење на разликите на хемискиот состав на ткивото на туморот и здравото ткиво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.