| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ доминантно преку Надал се пласираше во полуфиналето (видео)

French Open tennis tournament at Roland Garros

Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ многу убедливо го совлада „кралот на земјата“ Рафаел Надал со 3-0 (7-5, 6-3, 6-1) во сетови во четврфиналето на Ролан Гарос.
Ова беше само втор пораз за Надал на земјените терени во Париз наспроти 70.победи и дури девет освоени титули. Ноле успеа дури во осминот меѓусебен дуел да слави против Надал на Ролан Гарос.
Со оваа победа Ноле можеби го направи клучниот чекор за освојување единствениот грен-слем што му недостасува во кариерата.

Дуелот што беше наречен највозбудливо четвртфинале во историјата донесе возбуда само во првиот сет. Ѓоковиќ поведе со 4-0 во гемови, но потоа Надал влезе во идентична серија и израмни на 4-4. Сепак, Србинот успеа да го освои со 7-5 во гемови и се чини дека тука го скрши отпорот на Надал.

Вториот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3, а во третиот беше обична формалност бидејќи Надал беше комплетно разбиен и го загуби со убедливи 6-1.

Со овој пораз Надал на најновата АТП ранг-листа ќе биде првпат пониско од 10.место во последните неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top